Кина ја повика Северна Кореја да ги почитува резолуцијата на ОН
Кина денеска ја повика Северна Кореја да ја почитува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и да престане со сите активности кои можат да ги засилат тензиите на Корејскиот полуостров.
Пекинг се надева и дека сите страни можат да делуваат претпазливо, за да спречат ескалација на ситуацијата, посочи портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.
Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон изјави дека никогаш нема да прифати Северна Кореја вооружена со атомско оружје, и ги повика Кина и Русија да направат повеќе за ограничување на растечката закана за регионалната и глобална стабилност, која доаѓа од ракетните амбиции на Пјонгјанг.
- Кина и Русија се главните економски фактори кои и овозможуваат на Северна Кореја да развива програма за нуклеарно оружје и балистички проектили и носат „единствена и посебна одговорност за оваа растечка закана“, рече Тилерсон.
Ново на Сител
-
ЕВН избран за универзален снабдувач
-
НБРМ: Економскиот раст под планот
-
Костадиновска Стојчевска ги отфрли обвинувањата од градоначалничката Арсовска и најави тужба
-
Здруженија на жртвите бараат истрага против Додик и Вучиќ за негирање на геноцидот во Сребреница
-
Осум лица загинаа во рускиот напад на Чернигов, украински дрон соборен во близина на Москва
-
Пронајдена дрога при претрес во Прилеп
-
Штрајк во Грција: Не сообраќаат автобусите, возовите, бродовите
-
Страшни поплави во Дубаи, поплавени аеродромот и автопатите | ВИДЕО