Свет
19. September 2017 - 11:34

Кина и Русија го прекинаа „маѓепсаниот круг“ со Северна Кореја

- Министерството за надворешни работи на Кина денеска соопшти дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ли оствариле средба во рамките на Генералното собрание на ОН во Њујорк, при што ја разгледале состојбата со севернокорејската криза. 

Двајцата апелирале за наоѓање на „мирно решение“ во врска со севернокорејскиот „маѓепсан круг“. 

- Нуклеарното прашање на Корејскиот Полуостров мора да биде решено со мирни средства. Моменталниот „меѓепсан круг“ мора да биде прекинат, истакна Ванг. 

Лавров посочи дека Кина и Русија се „истомисленици“ по тоа прашање.