Џет-Сет
8. January 2020 - 9:43

Ким Кардашија честиташе Божиќ, православните фанови воодушевени

Голем број светски ѕвезди го прославија православниот Божиќ, а меѓу нив е и ТВ ѕвездата Ким Кардашијан Вест.

„Среќен ерменски Божиќ, исто така“, напиша Ким на Твитер.

Покојниот татко на жената која господари со светскиот шоу бизнис, како реалити програмите, така и социјалните мрежи и другите аспекти на јавната сцена, по потекло е од Ерменија.

Ким не го заборава своето потекло и често оди во татковината. Таа на Твитер доби голем број честитки, а некои фанови беа изненадени од тоа што е од Ерменија, а имаше и многу кои и напишаа дека правилно е „среќен православен Божиќ“.