Свет
6. April 2022 - 17:48

Киев повика на евакуација на источна Украина поради опасност од руски напад

Украина им порача на жителите во источните региони на земјата да се евакуираат „сега“ или „да ризикуваат смрт“ поради опасноста од руски напад.

– Гувернерите на областите Харков, Луганск и Донецк го повикуваат населението да ги напушти овие територии и прават се што е можно за да се изврши евакуација на организиран начин – напиша вицепремиерката Ирина Верешчук на социјалната мрежа Телеграм.