Тенис
12. September 2016 - 9:07

Кербер ја смени Серена Вилијамс на првата позиција на ВТА

Германката Анжелик Кербер со победата на УС Опен успеа да се искачи на првата позиција на ВТА листата и со 28 години е највозрасната тенисерка која го направила овој резултат. Таа имаше шанса и пред две недели да биде прва, но тогаш загуби во финалето на турнирот во Синсинати токму од Каролина Плискова, која ја победи во саботата во Њујорк.

Кербер е прва со 8730 поени, пред Серена Вилијамс со 7050.
На третата позиција е Гарбине Мугуруза, Агнешка Радванска е четврта, а Симона Халеп петта. Финалистката Плискова се проби на 6.место, а потоа следуваат: Венус Вилијамс, Карла Суарез Наваро, Медисон Кејс и првата „десетка“ ја комплетира Светлана Кузнецова.