Кепа го напушта „Стемфорд бриџ“ во следните денови
Челси е подготвен во следниве денови да го пушти под наем голманот Кепа Арисабалага, пишува весникот „Сан“.
Вчера „сините“ го привлекоа Едуард Менди од Рен и според медиумите на Островот, Френк Лампард воопшто нема да губи време и брзо ќе го „избрка“ играчот, за кој лондонскиот тим даде 80 милиони евра.
Серија грешки го ставија Кепа под сериозен притисок од неговото пристигнување во Западен Лондон, откако тој направи фатални грешки на двата натпревари во лигата против Брајтон и Ливерпул.
Лампард целосно го изгуби трпението со глманот и доби одобрение од управата да го изнајми, а сега тој ќе бара тим. Челси се надеваат дека во неговиот нов тим Кепа ќе се врати во неговите добри денови и ова ќе му овозможи на клубот да го продаде за добри пари.
Се вели дека голманот најверојатно ќе се врати во Шпанија, а претходно лето се поврзуваше со Севиља и Валенсија. Сепак, се верува дека тој сигурно нема да остане во тимот оваа сезона.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто