Џет-Сет
6. March 2016 - 14:50

Кејти Холмс се подготвува за свадба

Поранешната сопруга на Том Круз, холивудската актерка Кејти Холмс подготвена е повторно да го каже судбоносното „да“ на својот партнер и колега Џејми Фокс.

Кејти е верена за Џејми, тврдат таблоидите, откако папараците, на различни настани, ги фотографираа со идентични (веренички) прстени на левата рака.

Кејти Холмс и Џејми Фокс се во врска повеќе од две години, но никогаш не се појавуваат заедно во јавност.

Кејти претходно шест години беше во брак со Том Круз, со кога ја има ќерката Сури. Џејми има две ќерки од вонбрачни врски.