Фудбал
8. February 2021 - 9:27

Кејн постигна 20+ голови за Тотенхем седум последователни сезони

Фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн постигна гол на денешниот натпреварот од 23. коло во Премиер лигата со Вест Бромвич (2:0).

Англискиот напаѓач постигна 20+ голови веќе седма сезона по ред.

Денес, Кејн го постигна 208-от гол за Тотенхем во сите натпреварувања и е рангиран на второто место на листата најдобри стрелци во историјата на лондонскиот клуб.

Кејн се изедначи со Боби Смит кој своевремено стигна до 208 погодоци.

Лидер на листата стрелци во историјата на Спарс е Џими Гривс со 266 голови.