Фудбал
6. November 2020 - 9:06

Кејн го постигна 200. гол за Тотенхем

 Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн постигна јубилеен гол на вечерашниот натпревар од Лига Европа против Лудогорец. Овој натпревар беше 300-ти за Кејн во дресот на „Спарс“, а погодокот 200-ти.

Дваесет и седумгодишниот Кејн за првиот тим на Тотенхем игра од 2011 година.

Лондонскиот тим победи против бугарскиот претставник со 3:1.

По три кола Тотенхем има две победи и еден пораз во Ј-групата од Лига Европа.