Свет
8. December 2019 - 8:59

КЦНА: Северна Кореја изврши „многу значајно“ тестирање

Северна Кореја изврши уште едно „многу значајно“ тестирање на полигонот за лансирање сателити Сохае, објави денеска државната новинска агенција КЦНА.

Агенцијата не прецизира што точно е тестирано, но некои западни медиуми наведуваат дека тој полигон претходно се користел за лансирање ракети во вселената.

Тестирањето е извршено во момент кога Северна Кореја предупредува дека ќе тргне по нов пат по застојот во преговорите со САД за денуклеаризација.