Казни за несовесните возачи - хаос на скопските улици
Во текот на изминатиот ден (20.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 53 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 30 возачи од кои: 22 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца возачи затоа што биле возачи-почетници и шест возачи поради сторени останати сообраќајни прекршоци. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола.
Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, 17 возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, пет возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози и 50 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои три лица се здобиле со телесни повреди.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024