Македонија
21. May 2020 - 18:00

Казна за лице за лажно претставување и прекршување на полицискиот час

Вчера вечер за време на полицискиот час, околу 21:20 часот, на тетовската улица „Илинденска“, полициски службеници дале знак за запирање на возилото „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки.

Возачот не го запрел своето возило и продолжил со движење кон Гостивар.

По дваесет минутно гонење од страна на полициски службеници во 21:40 часот на наплатната рампа кај Желино возилото било запрено од полициска патрола и било констатирано дека се работи за Б.М., кој се претставил како директор на „Македонија пат“.

Од МВР информираат дека по наредба на јавен обвинител, на лицето ќе му биде издаден платен налог по член 211 став 4.

 

  •