Македонија
5. July 2019 - 11:28

Кавадарчанец тешко повреден при експлозија на предмет додека пребарувал во стовариште за отпад

Кавадарчанец бил тешко повреден при експлозија на предмет додека пребарувал во стовариште за отпад. Оваа информација ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
 
-Вчера во Полициската станица Кавадарци, кавадарчанецот З.Ј.(43) пријавил дека, додека пребарувал во стовариштето за отпаден материјал, му експлодирал предмет кој го земал во раката, при што се здобил со тешки телесни повреди на прстите, појасни Додевски. 
     
На повредениот му била укажана помош во болницата во Кавадарци. Извршен е увид на местото на настанот.