Македонија
14. July 2015 - 12:27

Кавадарчанец починал откако излетал од патот со својот трактор

Страшна несреќа се случила во текот на вчерашниот ден околу 14 часот на локалниот пат од село Страгово кон регионалниот пат Кавадарци – Мушов Гроб. Според податоците од полицијата, 49-годишниот Зоранчо Л.од Кавадарци управувајќи Трактор „ИМТ 539“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од коловозот, при што од здобиените повреди за жал починал на лице место.
 
Увид на местото на несреќата извршиле ОЈО и увидна екипа од полициската станица во Кавадарци.