Македонија
12. January 2023 - 16:59

Кавадарчанец ги дал податоците од лична карта и трансакциска на пријател, па му стигнала рата за кредит

Кавадарчанец ги дал податоците од лична карта и трансакциска на пријател, па му стигнала рата за кредит.

Како што информираат од МВР, на 11.01.2023 во 14.30 часот во Полициската станица во Кавадарци, 43-годишен жител од Кавадарци пријавил дека бил измамен од М.К.(42) од Кавадарци за сума од 72.000 денари. 

Според пријавеното во МВР, М.К. му побарал податоци од неговата лична карта и трансакциска сметка, со цел некој негов пријател да му пушти пари, затоа што наводно имал блокирана сметка, а откако парите биле уплатени на сметката, оштетениот ги извадил и му ги дал на М.К., по што на 09.11.2023 бил известен дека има за плаќање рата за брз кредит на негово име, по што сфатил дека е измамен. 

- Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.