Балкан
24. јуни 2019 - 8:43

„Катимерини“: Грчките воени сили се во состојба на подготвеност

Грчките вооружени сили се во состојба на подготвеност поради продолжување на можен турски „провокативен” настап во источниот Медитеран, објави грчкиот весник Катимерини.

Според грчкиот весник, и покрај повиците на ЕУ за прекин на дупчење за нафта и за гас во ексклузивната економска зона околу Кипар, Грција останува во режим на подготвеност за да се спречи евентуалната ескалација во источниот Медитеран.

Весникот додава дека клучното прашање во Атина е како да се реагира доколку Турција спроведе истражување, според грчките официјални лица, во грчкиот континентален појас.

„Плановите се првенствено засновани на маневрите на грчката морнарица, бидејќи Турција ги користи истражувачките бродови за да го одреди своето присуство во регионот, но грчката авијација ќе игра улога во секој одговор”, нагласува грчкиот весник.