Македонија
1. October 2019 - 13:38

Катица Јанева останува во притвор

Апелациониот суд не ја прифати жалбата на екс шефицата на СЈО со која бараше укинување на притворот.

Од судот велат дека Јанева останува во затворот во Шутка заради можност од бегство.

Во одлуката, апелација наведува дека со завршување на истрагата, поранешната специјална обвинителка не може да влијае врз истрагата за предметот и сведоците па затоа точката два од решението е преиначено, но останува во притвор според првата точка односно опасност од бегство.

Зоран Јаневски