Loading Video...
Кошарка
2. February 2018 - 8:18

Катaстрофален пораз на шампионот Фенербахче на гостувањето кај Олимпијакос

Шампионот Фенербахче претрпе висок пораз на гостувањето кај Олимпијакос во меч од 21.коло на кошаркарската Евролига. 
 
Атинскиот клуб славеше убедлива победа со дури 25 поени разлика (95-70). 
 
Со по 19 постигнати поени најефикасни во победничката екипа беа Василис Спанулис и Јанис Стрелникс и ветеранот Спанулис, додека кај Фенер, но и на мечот, најефикасен беше Боби Диксон со 24 поени. 
 
Предноста на домашниот терен ја искористија и ЦСКА Москва која со 93-87 го совлада Реал Мадрид, потоа Анадолу Ефес кој со 82-66 беше подобар од Валенсија, како и Жалгирис кој со 99-84 го совлада Макаби. 
 
Честа на гостите ја спаси Армани Милано кој во неизвесен меч ја совлада Барселона со 83-81. 
 
Денеска ќе се одиграат преостанатите четири средби. 
 
Лидер на табелата на московска ЦСКА со скор 17 победи и 4 порази, додека Олимпијакос и Фенербахче имаат по три победи помалку.