-->
-->
Карневалот во Рио повторно откажан поради пандемијата
-->
Карневал во Рио де Жанеиро втора година по ред е откажан поради пандемијата на коронавирусот.
Градоначалникот Едуардо Паеш ја објави одлуката вчера на својот интернет сајт, по состанокот со претставниците на карневалските групи. Тој рече дека практично не е изводливо да се одржи уличниот карневал додека важат ограничувањата за влез и другите мерки за коронавирус на уличната прослава на која се регистрирале стотици групи.
Повеќе од три милиони луѓе излегоа на улиците во текот на четирите дена од последниот карневал што се одржа 2020 година, наведува весникот „Г1“.
Во меѓувреме, плановите за парадите на Самбодромот во февруари и март засега остануваат.
Според официјалните податоци, повеќе од 22 милиони луѓе во Бразил се заразени со коронавирус. Околу 618.000 луѓе починаа по компликации со Ковид-19. Само САД бележат поголем број на смртни случаи од оваа јужноамериканска земја.
Како што напредуваше кампањата за вакцинација во Бразил, бројот на нови смртни случаи нагло се намали. Речиси 70 отсто од бразилското население сега е целосно вакцинирано. Откако на почетокот на декември беа откриени првите инфекции со новата варијанта Омикрон во земјата, бројот на позитивни случаи повторно порасна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка