Loading Video...
Тенис
12. September 2022 - 10:39

Карлос Алказар го освои УС Опен и стана најмладиот број 1 на АТП ранг листата

Шпанскиот тинејџер Карлос Алказар е победник на последниот Гренд-слем турнир годинава УП Опен. 
 
Во финалето Алказар го победи Норвежанецот, Каспер Руд со 3-1 (6-4, 2-6, 7-6, 6-3)
 
Со оваа победа Алказар, кому му предвидуваат голема иднина, со 19 години стана најмладиот во историјата кој се искачил на првото место на АТП ранг листата. 
 
Финалистот Руд, направи скок од пет позиции и сега е на второто место, а трет е Надал, додека Русинот Медведев кој рано го заврши настапот на УС Опен од првата падна на четвртата позиција.
 
 
Кај дамите. Полската тенисерка Ига Швјонтек со триумфот во Њу Јорк, и освоениот трет Гренд-слем трофеј, само уште еднаш потврди дека во моментов и нема рамна и дека со право го носи приматот број 1 на ВТА листата.