Loading Video...
Кошарка
6. December 2018 - 8:26

Кари, Џорџ и Леброн броеа над 40 поени, Вестбрук со дури 17 асистенции

 
Во НБА лигата ноќеска беа одиграни десет натпревари. Најнеизвесниот беше оноj во Орландо каде Денвер по продолжение славеше победа со 124-118.
 
Во реприза на минатогодишното финале Голден Стејт како гости го совлада Кливленд со 129-105, меч во кој Стеф Кари реализира 42 зачинети со 9 скокови и 7 асистенции, додека на Кевин Дурант му недостасуваше една асистенција, за да оствари трип-дабл, па па средбата ја заврши со 25 поени, 10 скокови и 9 асистенции.
 
Пол Џорџ со 47 поени и 15 скокови, заедно со Расел Вестбрук кој со 21 поен, 17 асистенции и 15 скокови ја предводеа Оклахома до победата со 114-112 на гостувањето кај Бруклин. 
 
Лејкерси во Лос Анџелес го победија Сан Антонио со 121-113 во меч во кој Леброн Џејмс постигна 42 поени, а кај „Спарси“ ДеРозен 32, додека Руди Геј беше стрелец на еден помалку. 
 
На останатите средби беа постигнати овие резултати: 
Атланта – Вашингтон 117-131
Мемфис – ЛА Клиперс 96-86
Милвоки – Детроит 115-92
Њу Орлеанс – далас 132-106
Торонто – Филаделфија 113-102