Македонија
24. December 2020 - 11:06

Каракачанов: Ќе излезе дека Македонците постојат од времето на апостол Павле, а дека Исус Христос бил Македонец

Во изјава за државната телевизија „БНТ“ Красимир Каракачанов, ги повика политичарите, македонската историја да ја градат врз основа на автентични факти.

-Тука од југословенско време населенето се обучува да мрази, се воспитува на омраза кон Бугари, Албанци, кон Грци, љубов имаат само кон Белград и кон Србите. Се друго треба да биде мразено. Ние сме за нив Татари, фашисти и окупатори...Ќе излезе дека Македонците постојат од времето на апостол Павле, а дека Исус Христос бил Македонец. Само ние Бугарите сме некакво долно племе, истакна во интервјуто Красимир Каракачанов вицепремиер на Бугарија.