Фудбал
27. October 2015 - 10:01

Канаваро ќе го тренира првакот на С. Арабија

Фудбалскиот шампионот на Саудиска Арабија, Ал Насри го ангажираше легендарниот Италијанец Фабио Канаваро за нов тренер.
Досегашниот тренер Хорхе да Силва доби отказ поради лоши резултати, откако екипата во првите четири кола забележа само една победа.
Канаваро, кој има 42 години, како капитен со Италија го освои Светското првенство во 2006 година, додека во клупската кариера играше за Реал Мадрид, Јувентус, Интер, Парма и Наполи.
Единствено тренерско искуство има во Ал-Ахил од Дубаи и во кина, кадешто до летоска го водеше Гуангџо.