Свет
5. May 2016 - 8:53

Канада: Вонредна состојба во Алберта, пожарот се уште не е изгаснат

Големиот пожар поради кој беа евакуирани 88.000 луѓе од канадскиот град Форт Мекмари се уште не е изгаснат, а официјални лица од провинцијата Алберта прогласија вонредна состојба.

Засега нема информации за повредени додека надлежните соопштија за уништени над 160 објекти.

Премиерката на Алберта, Ракел Нолти изјави дека 105 пациенти од локалната болница се префрлени во други медицински установи. Министерот за локална управа Даниеле Ларив, рече дека провинцијата прогласила вонредна состојба бидејќи пожарот и понатаму активно гори во населени области.

Пожарот се шири поради силниот ветар и го гаснат околу 200 пожарникари со девет пожарникарски авиони и десетина хеликоптери. Проценките се дека е зафатена област од околу 7.500 хектари и очекувањата се дека ситуацијата може да се влоши поради силниот ветар и високите температури што создаваат „експлозивни услови“.