Loading Video...
Тенис
4. December 2022 - 17:24

Калин Ивановски триумфираше во Мадрид

 
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски дојде до својот трет трофеј во кариерата. По трофеите во Хеаклон (Грција) и Монастир (Турција), Ивановски денеска го освои трофејот во Мадрид.
 
Тој во финалето на ИТФ фјучерсот во Мадрид вреден 15.000 долари во два сета го победи Британецот Марк Вајтхаус, и тоа со 6-4 и 6-2.
 
До овој трофеј Ивановски стигна со само еден загубен сет.