Македонија
24. January 2022 - 21:16

Каква пруга ќе градиме кон Бугарија - железница од 20 или од 21 век?

Скопје - Софија со воз за два часа од 2027 година. Активностите се интенезивираат. Пролетва ќе почнат да се работат двете делници каде има застој, според плановите возот до Крива Паланка ќе стигне во 2024 година. Последната делница од Крива Паланка до границата е најсложената и за неа се подготвува тендер. Оваа трета делница е најголем предзвик од проектантски аспект, а треба да овозможи брзо движење на возовите.

Граничниот премин ќе биде во тунел. Во моментов, на бугарска страна фалат околу 3 км од Ѓуешево до границата, но Софија одлучи да гради целосно нова траса до македонската гранца и таа ќе биде готова истовремено со македонската во 2027. Сите активности се целосно координирани меѓу двете земји и комуникацијата е интензивна веќе цела година.

Македонската и бугарската Влада утре ќе го потпишат меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување. Согласно меморандумот, ќе биде формирана заеднчка ескертска работа група која четири пати годишно ќе се  состанува за да се разгледува напредокот на проектот.