Македонија
24. May 2022 - 21:11

Како реагира православниот свет за одлуката на СПЦ за МПЦ-ОА?

Освен првичната вест дека српската православна црква се согласи на автокефалоност на МПЦ-ОА, во  српските медиуми вечерва излегоа и првите анализи за одлуката на СПЦ.

Танјуг ја пренесува изјавата на експертот за црковно-правни прашања Јован Јаниќ.

Порталорот „Република“ го пренесува верскиот аналитичар Предраг Џокиќ.

„Никој не заборавил на светилиштата и кој ги изградил, туку се размислувало за луѓето и нивниот спас, а предност се дава на тоа. Односите ќе продолжат да се регулираат, а верувам и дека ќе се продлабочат“, коментира Џокиќ за српска Република.

Бугарските медиуми главно се воздржани од коментари за автокефалноста на МПЦ-ОА, по првичните остри рекации кога Вселенската патријаршија донесе одлука да ја прими во единство Охридската архепископија со останатите праволавни вркви.

Порталот Новини.бг под наслов „Спрпскиот патријарх ја призна автокефалноста на Македонската православна црква“ дава краток преглед на последните настани меѓу двете цркви, почнувајки од одлуката на Вселенската патријаршија, па се до заедничките архиерејски литургии на СПЦ и МПЦ во Белград и во Скопје. Слична вест објавува и бугарската БНТ.

Веста се пренесе и во грчките медиуми. Грчка Прототема објавува текст со наслов „Српската патријаршија ја призна автокефалноста на Охридската архиепископија“ во кој се пренсува уверувањето на српскиот патријарх дека „и другите православни цркви во светот ќе се согласат да и дадат автокефалност на Црквата на Северна Македонија“.

И грчкиот црковен портал Ромфеа во два одделни текстови „Српскиот патријарх Порфириј објави автокефалност во „МПЦ-ОА“и  „Скопскиот претседател: „Одлуката на Српската црква е радосна вест“ ја пренесуваат информацијата за автокефалноста на МПЦ.

„Треба да се напомене дека претседателот на Скопје во своето писмо, додава дека процесот ќе се заокружи со потпишување на Том на автокефалност од страна на Вселенската патријаршија“, коментира грчкиот портал.

Веста ја пренсоа и дел светски медиуми, како и медиуми посветени на православниот свет.