Македонија
22. September 2022 - 21:16

Како ќе се справат училиштата со високите цени на струјата - каде е решението?

Ќе падне ли трошокот за онлајн настава на грбот на семејствата? Ако се воведе настава од далечина наместо државата родителите и наставниците ќе плаќаат енормно високи сметки за да обезбедат непречено оддржување на наставата. За СОНК таквата ситуација е неприфатлива. Иако во дел од општините платата за вработените во училиштата учествува и до 90 проценти од блок дотациите, сепак од синдикатот сметаат дека кризата нема да влије на исплатата на месечниот доход, туку повикуваат ЗЕЛС и владата да најдат решение за скапата струја, наспроти онлајн наставата.

На прагот од грејната сезона, училиштата се соочуваат со дополнителен проблем покрај високите сметки. Резервите за затоплување се празни а температурите нагло паѓааат.

Од ЗЕЛС велат обврската е поделена и во оваа ситуација е непходен дијалог меѓу општините и Владата. Онлјан настава не е решение ниту за потпретседателот и градоначалник на Валандаво кој вели, неопходен е план за пренамена на средствата за да им се  помогне на  училиштата.

ВМРО ДПМНЕ бара Владата да не ја префрла својата обврска  на другите, туку да ги обезбеди неопходните услови за настава со физичко присуство. Весна Јаневска која е претседател на комисијата за образование во партијата, со конкретни предлози, Да се покачат блок дотациите на општините, училиштата да ги префрлат на тарифата за струја како што се домаќинствата, да не се крати наставната програма, туку во зависност од временските прилики, да се направат пократки распусти со продолжување на учебната година, дополнително да се воведе една смена секаде каде што е можно.

- Како антикризна мерка да ги спречи коалициските партнери, кои ја држат централната власт и дел од локалните самоуправи, да копаат криптовалути во училиштата и другите институции и установи. Така трошоците ќе бидат помали, а струјата ќе се реалоцира за тоа што навистина треба, вели Весна Јаневска- ВМРО-ДПМНЕ

Ниту на последната владина седница не било отворено прашањето за енормно високите сметки и проблемите со кои веќе се соочија училиштата. Оттаму потенцираа, дека обезбедување на услови за настава се должност на општините.