Како донација тетовските пожарникари добија комбе возило за технички зафати
Тетовските пожарникари добија товарно возило како донација во рамки на проектот „Подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион“ што се спроведува со средства на Владата на Швајцарија и реализира од Програмата за развој при Обединетите Нации (УНДП) и Општина Тетово.
– Денеска на Територијалната противпожарна единица Тетово и е доделено возило (комбе), кое ќе се користи за технички зафати на оваа единица. Општинската администрација предводена од Билал Касами секојдневно е во служба на граѓаните и на оваа единица, каде досега се донесени многу различни донации во нивна корист за брза и ефикасна интервенција, како и опремување на оваа единица со фитнес простор и овозможување раст на платите, информираа од канцеларијата за односи со јавноста при Канцеларија за комуникации и односи со јавноста во Општина Тетово.
Во рамки на проектот „Подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион“ во тек се градежни потфати и други активности со цел да се направи превенција од поплави на повеќе места во Тетовско и Гостиварско.
Ново на Сител
-
Бајден го потпиша законот за ТикТок
-
ДИК: Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово