Како да ги совладате: Вистински причини поради кои немате концентрација

Веројатно многу пати сте посакале да правите било што друго, само не задачата која сте ја добиле од надредените. Еве кои се главните причини за тоа, и како да ги совладате:
Глад
Освен ако не работите во кујна, веројатно често сте гладни на работа. Потребата за храна ви го одвлекува вниманието од она што треба да го сработите. Таа појава е многу раширена меѓу вработените. Нормално, секој од нас мора да јаде, но таа потреба мора да се држи под контрола. Посегнување по грицки најчесто предизвикува стрес, затоа набавете намирници кои ќе ве ослободат од напнатоста, како бадеми, диња, боровинки и брокула.
Пријатели
Додека сте на работа, едвај чекате да ви заѕвони телефонот да се слушнете со пријателките. Важно е да запомните дека не мора веднаш да реагирате. Нема да бидете лоша пријателка ако се јавите по завршувањето на работното време. Доколку некоја вест е многу итна, ќе бидете известени на вистинскиот начин за тоа. За вистинскиот пријател никогаш нема да биде доцна да се види со вас.
Емотивна врска
Не е лесно да се биде во врска. Секој сака совршена љубовна врска, но секогаш доаѓа време кога партнерите треба да се прифатат еден со друг, што може да предизвика проблеми во односот. Немојте да се изненадите ако личноста со која сте во врска знае да ве изнервира кога ќе дојдете дома од работа. Фрустрациите предизвикани од вашиот емотивен статус можно е да ги истурите врз колегите на работа. Искористете ја паузата за ручек да се релаксирате, а советите од колегите можат да ви бидат одлична терапија.
Размислувате за одмор
Сите вработени често размислуваат за одмор, бидејќи мозокот несомнено по извесно време го бара тоа. Дури и вистинските вљубеници во работата некогаш сакаат одмор. Но не треба постојано да мислите на тоа кога ќе одите на одмор. Подобро мислете на начин дека часовите вложени во работата се вложени средства кои ќе ве донесат до целта – мирен и опуштен одмор.
Преголеми очекувања
Сакате работа која на многу начини ве исполнува, работа која е возбудлива, интересна и полна со предизвици. Но треба да знаете дека луѓето кои постигнале големи цели напорно работеле, а многу малку размислувале за желбите. Разговарајте со успешните пријатели и членови на семејството, така ќе научите нешто од нивното искуство. Вашите желби ќе следуваат после напорната работа.
Ново на Сител
-

Предлог законот за заштита од пушење го помина првиот собраниски филтер
-

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелациониот суд ја потврди казната
-

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор
-

Приведени осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден со активна забрана
-

71-годишник починал по несреќа со трактор
-

Тело на 70-годишна жена пронајдено кај реката Лепенец
-

Гаши - Рокас: Собранието има главна улога во усвојување на законите од реформската агенда
-

Хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите во „Пулс“ во Кочани на 15 јуни
