Џет-Сет
16. May 2016 - 0:22

Каја победник, Даниел во финалето на ТЛЗП

Победник во вечерашното претпоследно издание на ТЛЗП е Каја Остојиќ со својата извонредна имитација на Адел.

Во финалето на шоуто „Твоето лице звучи познато“ вечерва се пласираа Даниел Кајмакоски, Каја Остојиќ, Ивана Петерс, Никола Роквиќ и Неша Бриџис.

Останатите петмина повторно ќе ги гледаме во последната финална емисија на ТЛЗП кога само финалистите ќе се борат за награда од 5.000 евра која ќе оди во хуманитарни цели.

Еве како изгледаше настапот на Даниел Кајмакоски кој го „оживеа“ Мајкл Џексон на сцената.