Loading Video...
Свет
17. February 2020 - 16:29

Кај уште 99 лица кои се наоѓаат на крузерот „Дајмонд принцес“ е потврден коронавирусот

Кај уште 99 лица кои се наоѓаат на крузерот „Дајмонд принцес“, закотвен во јапонскиот град Јокохама е потврден коронавирусот, со што бројот на инфицирани се зголеми на 369. Тие се лекуваат во јапонските болници, каде што се наоѓа и македонскиот државјанин заразен со вирусот, кој се чувствува добро и е во стабилна здравствена состојба.

Во карантин на бродот остануваат останатите двајца Македонци, кои не пројавиле симптоми. Во земјава се враќа и македонката која беше евакуирана од Вухан и помина две недели во карантин во Франција.

Од “Дајмонд принцес” во меѓувреме се евакуираше и поголема група американски државјани, кои со два специјални лета пристигнаа во Калифорнија.