Македонија
11. September 2019 - 20:14

Кај три лица пронајдена марухуана

Синоќа во 16.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Сава Михајлов“, го привеле А.Д.(18) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Исто така околу 18.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„Борис Трајковски“, ги лишиле од слобода Ф.Л.(35) од Куманово и Г.К.(32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.