Фудбал
18. March 2017 - 18:52

Кахил му донесе победа на Челзи

Лидерот на табелата Челзи и актуелниот шампион Лестер забележаа победи во денешните натпревари од 29.коло на англиската Премиер лига. 
 
Челзи славеше триумф на гостувањето кај Стоук со 2-1 и тоа со голот на Кахил постигнат на три минути пред крајот на средбата. 
 
На гостински терен се радуваа и фудбалерите на Лестер кои со 3-2 го совладаа Вест Хем. 
 
Непријатно изненадување приреди Арсенал кој загуби од ВБА со 3-1. 
 
На останатите три средби беа постигнати овие резултати: Сандерленд – Барнли 0-0, Кристал Палас – Ватфорд 1-0 и Евертон – Хал 4-0. 
 
Денешната програма ќе биде заокружена со средбата Бурнемут – Свонси  , додека утре покрај натпреварите, Мидлсборо - Манчестер Јунајтед (13:30 часот) и Тотенхем – Саутемптон (15:15), ќе се игра и дербито на колото во кое Манчестер Сити ќе биде домаќин на Ливерпул (17:30 часот). 
 
Табела: Челзи 69 бода, Тотенхем 56, Манчестер Сити 56, Ливерпул 55, Арсенал 55, Евертон 50, Манчестер Јунајтед 49,...