Македонија
15. August 2022 - 15:34

Каевски: Препораките на Комисијата ги демантираа сите лаги на ВМРО-ДМНЕ за наводно бришење и менување на историјата

Со усвоените Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Денеска стана јасно дека во тие препораки нема ништо спорно, нема ништо затскриено, нема никакво бришење или менување на историјата, нема историја по бугарски терк како што лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Усвоените препораки за одредени учебници во основното образование се на база на реципроцитет и истите ќе бидат доставени и до македонската но и до бугарската влада.

Ова се препораки усвоени од стручна и независна комисија без какви било политички влијанија.

Заедничкото чествување на историските личности како светите браќа Кирил и Методиј, Наум и Климент Охридски како и Цар Самоил дополнително ќе ја зајакне одговорноста на двете држави во зачувувањето на сеќавањето на овие личности.

Сето ова ги демантира грубите лаги на ВМРО-ДПМНЕ кои се месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа да создадат нови поделби.

Уште еднаш се виде дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го нарушат процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија.

Тоа е антидржавнничко, неодговорно, несериозно постапување на дело.

Христијан Мицкоски е наследник на Иван Ванчо Михајлов, затоа што и тој и раковдството на ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат на континуитетот а во тој континуитет се и Ванчо Михајлов и Тодор Александров.

За разлика од таквиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ продолжува да бара решенија за отворените прашања, при тоа заштитувајќи ги македонскиот идентитет, македонската историја и самобитност.

Продолжуваме со грижа за државни и националните интереси, продолжуваме со реализација на стратешките цели на нашата држава.

Одговор на новинарско прашање: Како го коментирате ставот на ВМРО-ДПМНЕ каде велат дека според нив на партиската прослава на ДУИ и СДСМ пред два дена, присутните на настанот го исвиркаа македонскиот јазик. Ова според нив било уште едно понижување за нашиот јазик, покрај она, кој оваа ненародна власт го расподава во преговорите со Бугарија.

Одговор: Ваквите провокации што доаѓаат од поединци се случуваа за жал многу често во минатото, се случуваат и сега. Разликата е во тоа што во минатото таквите провокации беа иницирани, поддржани и мотивирани од власта, сега сликата е поинаква. Ние како влада го креиравме и концептот едно општество за сите каде заедништвото и различностите се почитуваат и тоа придонесува за развој на нашето општество. Ги повикуваме сите поединци што шират вакви провокации и не и мислат добро на нашата држава, да престанат, бидејќи нема да не демотивираат, туку повеќе ќе не мотивираат да се бориме за концептот едно општество за сите да заеднички го развиваме и бидеме дел од прогресот на државата. Ги осудуваме сите оние кои на ваков начин на провокации ќе се обидат да предизвикаат штета на македонски јазик или било кој друг јазик во нашата држава или било кој друг етникум, затоа што овие провокации нема да донесат ништо добро во нашето општество. Затоа продолжуваме во насока да ги подобруваме односите во државата и концептот едно општество за сите и понатаму ќе функционира во насока за развој на нашата држава.
 

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ