Македонија
6. July 2022 - 23:28

Каевски: Не се во прашање меѓуетнички тензии, туку политичко крваво сценарио, граѓаните да не подлегнуваат

 Мицкоски не е никаква жртва, туку режисер на крваво сценарио. Крваво сценарио на Мицкоски и неговите коалициски партнери Левица и Алијанса, крваво сценарио кое не успеа, рече на вечерашната прес-конференција пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Тој додаде дека Мицкоски не бил вечерва мета, туку, како што вели, „ја одигра најлошата улога за државата и за граѓаните“.

– Срамно, страшно и опасно е однесувањето на опозицијата која се обидува да прикаже некакви меѓуетнички тензии кои всушност се предизивикани од највиоски претстаници на партиите во опозиција. Ова е човекот за којшто Мицкоски според нивното крваво сценарио требаше да глуми негов напаѓач. Цуфи Кока. Погледнете за кого станува збор, веќе МВР го приведе ова лице. Овој човек е брат на висок член на коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски, Алијасна, којшто воедно е директорот на Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“ – Скопје, наведува Каевски.

Тој посочи оти станува збор за братот на претседателот на огранокот на Алијанса за Албанците во Чаир и „главен фунцкионер во кампањата на Данела Арсовска“.

– ВМРО ДПМНЕ не се менува, Микоски не се менува. Се е лажно во ВМРО-ДПМНЕ, дури и ова крваво сцнарио кое вечерва не успеа. Воопшто и немаат друга стратегија освен крериање тензии, конфликт и страв кај граѓаните. Спремни се да жртвуваат луѓе за своите политички цели, спремни се да ја запалат цела држава. Е тоа нема да го дозволиме. Не се во прашање никакви меѓуетнички тензии туку политичко крваво сценарио кое веќе го имаме гледано. Граѓаните никако да не подлегнувааат, апелираме на смиреност, а институциите да си ја завршат работата и сите инволвирани да одговараат пред законот. Нема да дозволиме дестабилизација и сите нивни деструктивни сценарија повторно ќе бидт поразени, рече Каевски.