Свет
25. August 2017 - 15:03

Кабул: 16 лица загинаа во напад врз шиитска џамија

Шеснаесет лица загинаа, а најмалку 15 лица се повредени при напад врз шиитска џамија во главниот град на Авганистан, Кабул, јави ТАСС.

Меѓу загинатите има најмалку двајца полицајци. Според првичните информации, убиен е и шиитскиот свештеник, кој ја водел службата во џамијата кога почнал нападот.

Прво, бомбаш-самоубиец се разнел во џамијата, а потоа, двајца или тројца вооружени мажи влегле во друг дел од храмот и активирале гранати.

Потоа интервенирала и полицијата и дојде до престрелка меѓу полицајците и напаѓачите. 

Терористичката група „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот.