Кабрал: Рио де Жанеиро беше избран за домаќин на ЛОИ со поткуп од два милиона долари
Поранешниот гувернер на Рио де Жанеиро, Сержио Кабрал изјави вчера пред суд дека платиле два милиона долари за да биде избран тој град за домаќин на Олимписките игри во 2016 година.
Купувањето гласови било направено со помош на поранешниот претседател на Меѓународната федерација за атлетика Ламин Диак, изјави Кабрал пред судот каде се води процес поради тврдења за корупциски шеми поврзани со избор на Рио за домаќин на ЛОИ.
Кабрал е во затвор од 2016 година и е обвинет за неколку случаи на корупција за време на мандатот (2007-2014).
Тој нагласи дека поранешниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва и поранешниот градоначалник на Рио, Едуардо Паеш знаеле за купувањето гласови.
Рио беше избран за домаќин на ЛОИ со гласање во 2009 година во Копенхаген, а во таа трка беа и Мадрид, Чикаго и Токио.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата