-->
-->
Јувентус купи фудбалер на Реал
-->
Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, во разговор за словенскиот магазин „Младина“, навестил дека европската куќа на фудбалот ќе ја разгледа можноста да воведе ограничување на средствата кои клубовите ќе можат да ги издвојуваат годишно за плати на фудбалерите.
УЕФА го применува правилото на финансиски фер-плеј, односно клубовите можат на трансфери да потрошат онолку колку што ќе заработат. Овој систем се применува во последните пет години, но и покрај сите напори на УЕФА правилото за финансиски фер-плеј не успеа да ја намали разликата помеѓу енормно богатите клубуви и другите.
„Мораме да бидеме подготвени и да најдеме начин да ја намалиме разликата помеѓу клубовите. Треба да внесме одредена рамнотежа внатре во европските натпреварувања. Сериозно ќе ја разгледаме можноста за ограничување на клупските буџети кои се во делот на платите на фудбалерите. Доколку успееме тоа, според мене ќе биде историска одлука“, рекол Чеферин.
Според првиот човек на УЕФА, разликата помеѓу најголемите клубови и другитеопасно се зголемува, во најголем дел и поради тоа што купуваат големи ѕвезди само за спречат тие да одат во некој друг клуб.
Ваквите потези најчесто се влечат поради маркетиншкиот ефект бидејќи на тој начин моќните клубови привлекуваат богати спонзори, се зголемува продажбата на дресови.
Чеферин смета дека доколку биде воведен т.н. „селери кап“, тогаш клубовите многу повеќе ќе ја разгледуваат реалната вредност на фудбалерот.
Доколку биде воведен „селери капот“ тогаш европските фудбалски клубови би почнале да функцинираат на начин на кој со години работат НБА клубовите. Секоја франшиза има одредена граница за плати, кои на годишно ниво ги издвојува за играчите, а доколку таа биде прочекорена тогаш се плаќа данок на луксуз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка