Loading Video...
Фудбал
26. October 2019 - 19:46

Јуве загуби два бода кај Лече

Студен туш за Јувентус во Италијанското калчо.  Шампионот гостуваше кај Лече и одигра само 1-1.

Гостите на овој натпревар настапија без Роналдо  и се мачеа да постигнат погодок се до стартот на вториот дел кога беше фаулиран Пјаниќ а ударот од белата точка во водство го претвори  Дибала.

            И израмувачкиот гол за Лече беше постигнат од пенал по играњето со рака на  Де Лихт .  Пеналот успешно го изведе Манкосу.