Фудбал
9. October 2018 - 20:54

Јуриќ пак ќе го тренира пандев

Раководството на фудбалскиот клуб Џенова му даде отказ на тренерот Давиде Балардини, а на неговото место го ангажираше хрватскиот стручњак Иван Јуриќ.

Клубот, за кој настапува и капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, минатата  сезона беше на дното од табелата и се бореше за опстанок во Серија А.

Балардини во својот трет мандат во Џенова помина нешто помалку од една година, а клубот сега е на 11-та позиција на табелата со три победи на последните пет натпревари.

Но, претседателот на клубот Енрико Прециози по поразот од Парма од 1:3 одлучи да му врачи по трет пат отказ.

Интесено е дека Балардини минатиот ноември го замени токму Јуриќ, кој исто така сега трет пат доаѓа во клубот.