Јункер има „мал црн тефтер“ со политички непријатели
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска изјави дека има мал црн тефтер во кој ги пишува имињата на луѓето кои го „предале“, објави британскиот Би-Би-Си.
Посветеноста на Јункер за поголема евроинтеграција долги години ги иритира евроскептиците и лидерите на некои членки на Унијата, кои сакаат да ги ограничат надлежностите на ЕУ.
Јункер за белгискиот весник „Соар“ истакнал дека својот тефтер го нарекол „Малиот Морис“.
- Во него веќе 30 години запишувам кога некој ќе ме изневери, изјави претседателот на ЕК, не откривајќи чии имиња се наоѓаат во тефтерот.
Тој, меѓутоа, додаде дека не е злопамтило и дека тефтерот „не содржи многу имиња, бидејќи луѓето ретко го изневеруваат“.
- Името на тефтерот доаѓа од германскиот израз „огорченоста на малиот Морис“. Во Луксембург, кога некој ме иритира, му велам: „Внимавај, те чека малиот Морис“, објаснува Јункер.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово