Живот
4. March 2021 - 16:35

„Јовано Јованке“ во изведба на перкусионистка од Финска го привлече вниманието на социјалните мрежи

Оригиналната изведба на „Јовано Јованке“ на Вилма Талвити ги запали социјалните мрежи. Младата уметничка од Финска за Сител вели дека веднаш била привлечена од убавината на песната и македонскиот ритам. 

Талвити вели дека на почеток имала потешкотии со изговор на македонскиот, но преку вежби и слушање на други изведби на „Јовано Јованке“ успеала да ги совлада зборовите.

Уметничката од Хелсинки моментално се наоѓа во Германија. Нејзините настапи се редуцирани поради ситуацијата со корона. Токму тоа ја мотивирало да направи изведби на 100 фолклорни песни од многу земји низ светот. Меѓу нив е и Македонија, која таа и лично еден ден би сакала да ја посети.

Дотогаш нејзината порака до сите е - Чувајте се и се надевам дека повторно ќе се сретнеме во нашите замислени патувања.