Тенис
25. May 2016 - 16:05

Јотовски експрес(но) во второто коло на фјучрс во БиХ

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски избори пласман во второто коло на фјучрсот во Кисељак откако експрес(но) го совлада квалификантот од Србија Срџан Јаковљевиќ со 6-0 и 6-2 во сетови за 69 минути игра. Во текот на мечот нашиот тенисер освои 59 поени, а ривалот 32. 

Јотовски имаше и пет брејка, а противникот немаше ниту една шанса. Утре во меч од 2.коло Јотовски ќе игра против Дује Кекез од Хрватска (4.носител, 485.место на АТП).
Јотовски вчера имаше настап во игра на двојки но заедно со Германецот матео Херман - Зуниќ се елиминирани.