ЈO покрена постапка за тепачката во Струмица
По поднесена кривична пријава од СВР Струмица, денеска струмичкото Основно јавно обвинителство отвори предмет против 22 лица – учесници во тепачката која се случи во овој град на 18 март 2021 година.
Како што информира Јавното обвинителство, од осомничените, 12 лица се пријавени за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ од член 382 , а останатите десетмина за сторено кривично дело „насилство“ од член 386 од Кривичниот законик.
– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица во континуитет презема дејствија за расчистување на настанот. Издадени се наредби за вештачење, за прибирање на медицинска документација и други материјални докази. Во насока на утврдување на фактите во предметот, ќе бидат сослушани осомничени и сведоци, односно повеќе лица кои можат да дадат податоци за настанот, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Старт ап центар за студентите на УГД-Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Новиот закон за ДДВ на пратки до 22 евра нема да ги удри по џеб граѓаните туку шпедитерите
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Алиу: Кај 10 пациенти без потреба направени кардиохируршки операции
-

Мицкоски уверува во стабилна коалиција, ВРЕДИ најавува зголемување на мнозинството
-

Почна собраниската расправа за буџетот 2026
-

Судиите со писмо до Мицкоски: Премината е границата на добро однесување
