Македонија
24. јуни 2019 - 9:09

Јавни дебати за нацрт-законите за основно образование и за наставници во Куманово и Струмица

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска ќе присуствува на јавни дискусии за Нацрт-законот за основното образование и Нацрт-законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, што ќе се одржат во Куманово и во Струмица.

Како што соопшти МОН, дискусиите се во насока на поширока консултација за предложените нацрт закони кои претставуваат системски решенија од областа на основното образование.

Двата нацрт закона, за кои е отворена јавна расправа, беа презентирани порано месецов.