-->
-->
Јанушев во Свети Николе: Нема буквално ниту едно реализирано ветување
-->
Денеска сме во Свети Николе разговорите за „Обнова на Македонија“ продолжуваат.
Имаме огромна посета од страна на Светиниколчани дојдени овде да поразговараат, да си ги кажат маките и проблемите кои што ги имаат во секојдневниот живот.
Она што ни се повторува што е веќе видена глетка во сите градови во Република Македонија, се случува и овде. Нема буквално нити едно реализирано ветување. На лагите и на криминалот буквално им нема крај.
Ветената гасификација на Свети Николе онака како што е затекната така е и во овој момент, иако беше ветено дека истата ќе заврши во 2019-та година.
Изградбата на спортската сала во училиштето „Кочо Рацин“, градинките, пензионерскиот дом и се она што е останато, базенот што беше ветувано значи воопшто не е ни започнато со реализација.
Меѓутоа како што многу пати сме кажале до сега, воопшто и не сме изненадени од таквиот пристап бидејќи станува збор за убедливо најнеспособната власт. Една власт која што владее на исклучиво еден криминално рекетарски начин. Она што го гледаме на државно ниво особено во последниов период во она што го прават со набавката на хеликоптерите, 72 милиони евра кои што се обидуваат да ги испумпаат од државниот буџет на еден криминален начин. Вчерашната хаварија и незаинтересираноста на власта во случувањата со „Охис“ е можеби најдобар пример за како криминално рекетарската власт на Заев ги едноставно третира граѓаните на Република Македонија.
Она што имаат да го порачаат граѓаните на Свети Николе е дека Заев заминува, а Македонија почнува да се обновува. Наша обврска како ВМРО-ДПМНЕ, се она што денес го слушаме во Свети Николе како проблем, како идеја, како план за како понатаму да го преточиме во нашата изборна програма за претстојните парламентарни избори на 12-ти април.
Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка