Тенис
13. July 2015 - 9:10

Јанкуловски се запиша на АТП листата

16-годишниот македонски тенисер Бојан Јанкуловски со двата поена освоени на фјучрсот во Благоевград успеа да го запише своето има на АТП листата и се наоѓа на 1.563 место. Од другите наши играчи скок имаат Томислав Јотовски (+2 места) и Стефан Мицов (+117), Бесир Дургути (+17) и Деари (+27), додека единствено пласманот го расипа Грабул (-41).

Пласман на македонските тенисери:
524. Јотовски - 66 поени,
740.Грабул - 29 поени,
1306. Мицов - 5 поени,
1308. Дургути - 5 поени,
1382. Деари - 4 поени,
1563. Јанкуловски - 2 поена.
Во конкуренција на двојки: Јотовски (745 место), Грабул (1407) и Мицов (1826).
Денеска македонската Дејвис куп репрезентација замина за Сан Марион каде од среда до сабота ќе настапува во рамките на Третата Европска зона на ова натпреварување.