Јанкулоска: СЈО е единствениот адут на СДСМ пред изборите
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска беше во СЈО каде што беше повикана за случајот „Тврдина“.
Била повикана доцна вчера, но сепак денес се појави пред обвинителството на Катица Јанева, тврдејќи дека нема што да крие затоа што чесно и одговорно ја одработувала функцијата која ја вршеше.
Пред да даде исказ во СЈО, таа ги побарала на увид доказите за да може да се произнесе по обвиненијата што ѝ се ставаат на товар. Јанкулоска повтори дека не е виновна и дека не направила ниту едно кривично дело додека била на министерската позиција и СЈО го нарече продолжена рака на опозицијата.
– Како што јавноста во повеќе наврати беше сведок и медиумите коментираа дека се целосно ставени во корист на кампањата на опозицијата која и покрај толку години во опозиција нема што да им понуди на граѓаните на Република Македонија и очигледно е дека најважна алатка за претстојните парламентарни избори останува да биде СЈО, рече Јанкулоска.
Според Јанкулоска, СЈО е единствениот адут со кој СДСМ цели кон политички поен плус.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација