Јаневска: Испративме допис до училиштата на големите и малите одмори да има дежурен наставник

Министерството за образование и наука (МОН) постапува по закон и сопствените ингеренции, случајот со врсничко насилство во основно училиште во Ѓорче Петров е пријавен во Државниот просветен инспекторат (ДПИ), но дополнително се обративме до градоначалниците и испративме допис до училиштата дека мора да се врати една стара пракса, која постоеше и покажуваше ефекти, а тоа е на големите и малите одмори да има дежурен наставник, а не дежурни ученици во ходниците, туку дежурни наставници, кои ќе водат грижа за настаните во училиштето, не само во ходниците и во дворот на училиштето - изјави ресорната министерка Весна Јаневска.
Таа посочи дека она што се случило надвор од училиштето не е оправдување, тие се ученици на одредено училиште и наставниците мора да имаат увид во тоа како се однесуваат нивните ученици затоа што, како што рече, тоа е воспитно-образовен процес.
- Со овој допис ги задолживме дежурните наставници да бидат на видно место за кога ќе оди ДПИ во контрола да ги види. Се надевам дека ќе даде некаков ефект и оваа мерка што ја промовираме. Сега, дополнително, се спроведува и по прирачникот за справување со врсничко насилство и по закон. Оттука, и градоначалникот, и директорот, и наставниците треба да си ги спроведат своите обврски така како што е пропишано. МОН го прави она што треба да го направи. Оваа мерка е задолжителна и е испратена до сите училишта во државата - додаде Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето на државната награда „Гоце Делчев“ за остварувања во науката.
МИА
Ново на Сител
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
